Новата сликовница „Рокчето“ од македонскиот поет Никола Маџиров, со илустрации од Анета Илиевска, ќе биде промовирана денеска (30 јануари) во 19 часот во новата книжарница „Литература.мк суперстор“. Книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски.
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведувани современи македонски поети. Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од фолклористот Иван Котев.