Во Кинотеката ќе биде претставен проектот „Г-ѓа и г-ца Х“(Mrs. & Ms. X“) од уметницата Мариjа Павловска

од admin_kult

Во Кинотеката денеска (30 јануари) во 13:30 часот ќе биде претставен проектот „Г-ѓа и г-ца Х“ (Mrs. & Ms. X“) од уметницата Мариjа Павловска.

Како што појаснува авторката, станува збор за најновиот проект – циклус изработен во последните седум години кој вклучува 2000 цртежи – дигитални дела и е поддржан со видео-проекција – инсталација.

„Проектот беше поканет и претставен на три водечки биеналиња: XIII биенале во Фиренца 2021, Остен-биенале на цртеж – Скопје 2022 каде што понесе и награда за оригинално дело Концепт и 59-тото Венециско биенале 2022 – Контекст, Европски културен центар“, информира Павловска. Таа појаснува дека е издадена и монографија за овој проект поддржана од „Mana Contemporary Museum“ од САД, во која е објаснет целиот процес на создавање на проектот – од работата во ателјето и делата, како и претставувањето на Биеналето во Фиренца, Остен-биеналето на цртеж и Европскиот културен центар – Биенале во Венеција.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе