Денеска (29 декември), со почеток во 12:00 часот, Драмскиот театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан, во режија на Димче Николовски-Димсата.
Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.
Драмскиот театар апелира заинтересираните за следење на оваа претстава претходно да ги контактираат во врска со протоколите за КОВИД-19.
На 30 декември на малата сцена во МНТ, со почеток во 12:00 часот, премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски.