Во Народниот театар „Ј. Х. Џинот“ во Велес денеска премиерно ќе биде изведена танц-претставата „Елегија во пет здива“ по избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Никола Маџиров и Ацо Шопов.
Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски, а играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, Наталија Теодосиева и Адријана Данчевска.
Проектот е финансиран од Министерството за култура.