Aлбанскиот ансамбл победи на 27. издание „Дуна карневал“ во Будимпешта

од admin_kult

Државниот ансамбл на албански народни песни и орa на Република Северна Македонија, победи на 27. издание на фестивалот „Дуна карневал“ во Будимпешта.

Во исклучително силна конкуренција и многу достоинствени настапи на ансамбли од Бугарија, Мексико и од други држави, албанскиот ансамбл триумфираше со освојување на две награди кои ги дочека со силни емоции: „Специјална награда“ и прва награда на фестивалот. За овој ансамбл, ова е крунско достигнување со кое се потврдува прекрасната работа на уметниците, соработниците, кореографите, на координаторот за меѓународни односи, целиот тим на чело со водачот на ансамблот.

Овој настап се оценува како исклучителен придонес за историјата на меѓународното претставување на Албанскиот ансамбл на народни песни и ора. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе