Концерт во Истанбул на Пламенка Трајковска – гудачки квартет

од admin_kult

На покана на Светата Архиепископија на Константинопол во општина Јеникој,  Пламенка Трајковска – гудачки квартет денеска 13 јуни во 19 часот во Православната црква Пресвета Богородица ќе реализира ексклузивен концерт во Истанбул, Турција.

Концертот е во чест на Неговата Светост Екуменски Патријарх Вартоломеј и промоцијата на книгата „Од Имврос до Фанари Патријархот Вартоломеј“.

Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата Архиепископија на Константинопол.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе