Под мотото „Потегот на четка – налик две трепкања со очите“, во Националната галерија, објект „Чифте амам“, е отворена ретроспективната изложба на македонскиот ликовен уметник Теофил Шулајковски-Тофе.
Посетителите имаат можност да видат збир од над 150 дела на бардот на акварелот Шулајковски од сите негови творечки фази – од најраните акварели, па сѐ до последниот, досега неизложен и необјавен.