Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на УНЕСКО за поднесување апликации за магистерски студии од областа на заштитата на културното наследство во време на криза. Курсевите ги организира „SUISS – Scuola Universitaria Interdipartimentale in Scienze Strategiche“ од Универзитетот во Торино во соработка со Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија.
Програмата на магистерските студии се состои од предавања и активности чија цел е засилување на меѓународните заложби во справувањето со предизвиците во заштитата на културното наследство, како што се: конфликтите, незаконитите дејства, природните катастрофи и климатските промени.
Повикот, критериумите и начинот на аплицирање за сите заинтересирани се достапни на следниов линк: https://www.culturalpro.it/protection/iscrizioni/application-and-deadlines.html, со забелешка дека рокот за поднесување на онлајн апликациите е најдоцна до 14 октомври 2022 година.