Повик на УНЕСКО за доставување апликации за магистерски студии од областа на заштитата на културните добра во време на криза

од admin_kult

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на УНЕСКО за поднесување апликации за магистерски студии од областа на заштитата на културното наследство во време на криза.  Курсевите ги организира „SUISS – Scuola Universitaria Interdipartimentale in Scienze Strategiche“ од Универзитетот во Торино во соработка со Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија.

Програмата на магистерските студии се состои од предавања и активности чија цел е засилување на меѓународните заложби во справувањето со предизвиците во заштитата на културното наследство, како што се: конфликтите, незаконитите дејства, природните катастрофи и климатските промени.

Повикот, критериумите и начинот на аплицирање за сите заинтересирани се достапни на следниов линк: https://www.culturalpro.it/protection/iscrizioni/application-and-deadlines.html, со забелешка дека рокот за поднесување на онлајн апликациите е најдоцна до 14 октомври 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе