Повик за проекти за европска соработка за 2022 година

од admin_kult

Европската комисија, во рамките на Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“, на 1 февруари 2022 година го објави Повикот за проекти за европска соработка за 2022 годинa, со краен рок за поднесување на онлајн апликациите 31 март 2022 година.

Буџетот на Европската Унија наменет за овој повик изнесува 68 607 267 евра, во чии рамки се  предвидува кофинансирање на приближно 130 предлог-проекти.  

Креативна Европа 2021 – 2027: Повик за европска соработка 2022 година (CREACULT-2022-COOP)

Поддршката на Европската Унија за проектите за европска соработка е наменета за транснационални проекти во кои учествуваат оператори од културните и од креативните сектори на земјите учеснички во Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027 година“. На повикот може да се пријават сите правни субјекти кои дејствуваат или извршуваат активности во областа на културните и креативните сектори.

По потпишувањето на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Република Северна Македонија во Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на 6 декември 2021 година, правните субјекти од културниот и од креативниот сектор во нашата држава се полноправни учесници во актуелната програма на Унијата.

Повикот претставува можност за операторите од релевантните сектори да соработуваат со операторите од земјите учеснички во Програмата (земјите членки на ЕУ и земјите што имаат потпишано договор со ЕУ за учество во оваа програма) преку копродукциски проекти кои ќе придонесат кон развој и пласман на нивата креативност, иновативност и експерименталност и кои истовремено ќе ги поттикнат мобилноста и вмрежувањето меѓу професионалците, размената на  знаење и искуства во насока на промовирање и спроведување активности со интердисциплинарен карактер.

Целта на оваа поддршка е да се обезбеди подобар пристап до европската култура и до уметничките дела преку развојот на креативноста и иновативноста, и тоа:

  • Креативност во насока на поддршка на транснационалното творештво и циркулација на уметничките дела и на културните продукти (зацврстување на транснационалната соработка и творештво, обезбедување циркулација и видливост на европските дела, како и  мобилност на чинителите од културниот и од креативниот сектор).
  • Иновативност во насока на подобрување на капацитетите на европските културни и креативни сектори преку стимулирање на талентите и на иновативноста, унапредувањето и создавањето на работни места, односно преку развој во секторите.

Приоритети на Повикот за проекти за соработка:

Предлог-проектите треба да опфатат еден (или најмногу два) од следниве приоритети:

  • Публика преку активности поврзани со развој и зголемување на пристапот и учеството во културата, инерактивност со публиката (физички и дигитално).
  • Социјална инклузија преку промоција на социјалната сензибилност и поддршка на социјалната вклученост во и со помош на културата, со акцент на: уметниците и професионалците со посебни потреби, припадниците на заедниците и лицата кои припаѓаат на социјално маргинализираните групи.
  • Одржливост преку активности што се во согласност со Европскиот зелен план и Новиот европски Баухаус, односно создавање, усвојување и ширење на еколошки прифатливи практики и подигнување на свеста за одржлив развој преку културни активности.
  • Дигитален пристап преку активности кои ќе ги поддржат европските културни и креативни сектори да ја иницираат или да ја забрзаат дигиталната транзиција како одговор на кризата од КОВИД-19.
  • Меѓународна димензија преку градење капацитети во европските културни и креативни сектори, вклучувајќи ги локалните организации и микроорганизациите, со цел да се овозможи нивно меѓународно дејствување во Европа и пошироко.
  • Секторски приоритет преку зајакнување на капацитетите на релевантните сектори:
  • Музика – продолжување на пилот-проектот „Music Moves Europe 2018 – 2020“, односно во насока на зајакнување на капацитетите на професионалците за: промоција, дистрибуција и монетизација; поттикнување на нови дигитални, реални и технички трендови што се предизвикани од пазарните иновации и новите деловни модели; прекугранична циркулација на европска музика и дистрибуција  надвор од границите на Европската Унија.
  • Книги и издаваштво – во насока на зајакнување на професионалниот развој на европските преведувачи кои работат во областите на книжевноста или театарот, олеснување на меѓународната промоција на книжевните дела и на продажбата на правата на преведувачите со цел да се зголемат тиражот и разновидноста на европските книги, особено на делата од јазиците што се помалку застапени во Европската Унија и пошироко.
  • Архитектура – во насока на зајакнување на капацитетот на професионалците  за размена на знаење (peer learning) и интегративен ангажман на публиката во процесите на дизајнирање, планирање и градење на принципи со висок квалитет во интервенциите на современата архитектура и културното наследство; одржливо зачувување на регенерацијата и приспособена повторна употреба на културното наследство, како и промоција на неговите вредности; интеграција на Европскиот зелен план и принципите на Новиот европски Баухаус во практиките што ги применуваат секторите и интернационализација на кариерите.
  • Културно наследство –во насока назајакнување на капацитетот на професионалците за ангажмани и посредување со граѓаните во врска со интерпретацијата, комуникацијата и презентацијата на културното наследство со цел градење однос со публиката и со засегнатите страни, притоа земајќи ги предвид технолошките и дигиталните методи за создавање содржини и презентирање на архивираните резултати и примена на стекнатите искуства; дигитализација на материјалите од културното наследство, локалитетите и од историските градби (вклучувајќи 3Д и AИ-технологии); управување со ризик за културното наследство – со акцент на превенцијата и подготвеноста за ризик во однос на природните и неприродните катастрофи, вклучувајќи ги адаптацијата и ублажувањето на климатските промени во согласност со принципите на Европскиот зелен план.
  • Мода и дизајн – во насока на зајакнување на капацитетите на професионалците во уметничко создавање, промоција, дистрибуција и монетизација, поддршка на секторите во процесите на дигиталната транзиција (вклучувајќи 3Д и AИ-технологии), правни и технички трендови кои произлегуваат од пазарните иновации и новите бизнис-модели; интеграција на Европскиот зелен план и принципите на Новиот европски Баухаус; интернационализација на кариерите на професионалците.
  • Одржлив културен туризам – во насока на зајакнување на капацитетите на професионалците во областа на одржливиот културен туризам (обука, подигнување на свеста за одржливоста, еколошки прашања, одговорен туризам итн.); развој на индикатори (капацитет, пристап, енергетска ефикасност, одговорно управување со отпад); алатки за евалуација и евидентирање на квалитативни и квантитативни податоци; поддршка на дигиталната трансформација за да се искористи економското влијание на одржливиот културен туризам (вклучувајќи 3Д и AИ-технологии).

Категории на конкурсот:

  1. CREACULT-2022-COOP-1 – Проекти за европска соработка од мал обем:
  2. Минимум 3 правни субјекти од 3 различни земји квалификувани за учество во „Креативна Европа 2021 – 2027“
  3. Грантот на ЕУ изнесува максимум 200 000 евра
  4. Кофинансирањето на Европската Унија изнесува до 80 % од вкупниот буџет на проектот
  • Минимум 10 правни субјекти од 10 различни земји квалификувани за учество во „Креативна Европа 2021 – 2027“
  • Грантот на ЕУ изнесува максимум 2 000 000 евра
  •  Кофинансирањето на ЕУ изнесува до 60 % од вкупниот буџет на проектот

Времетраењето на проектите во рамките на сите категории на овој повик е максимум 48 месеци.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија во согласност со крајниот рок, 31 март 2022 година, најдоцна до 17 часот по средноевропско време.

Евалуацијата на проектите се врши од страна на независни експерти во соработка со Европската комисија.

Повеќе информации поврзани со Повикот може да добиете во Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Култура, Сектор за европски интеграции:

E-адреса: biljana.prentoska@ced.mk

E-адреса: dejan.kotevski@ced.mk

Tел.: + 389 2 3 207 446/433

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе