Костадиновска-Стојчевска во посета на НУБ „Св.Климент Охридски“ и на Албанскиот театар

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, при денешната посета на Националната и универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски“ во Скопје присуствуваше на официјалното отворање на  комплетно реновираната читална во која со поддршка на Министерството за култура е променет подот и инвентарот.

За време на обиколката, директорката Костадинова ја запозна  министерката за култура со моменталната состојба и со тековните активности на Библиотеката,  како и со актуелните предизвици со кои се соочува во моментов оваа национална установа.

– Министерството за култура, рече Костадиновска-Стојчевска,  континуирано поддржува проeкти за подобрување на условите за работа на библиотеката.

Во тој контекст, таа информираше дека и во програмата за оваа година ќе бидат издвоени средства за реконструкција на останатите читални, за санација на депоата за сместување на библиотечните фондови, а планиран е и почеток на активностите за веќе најавениот проект за реконструкција и санација на покривот на Библиотеката.

Костадиновска-Стојчевска денеска го посети и Албанскиот театар, кој неодамна ја имаше и првата премиера за годинава. Честитајќи им за премиерата, таа се запозна со функционирањето на Театарот, како и со  проблемите со кои се соочува оваа театарска институција, која ги отвори вратите во реновираната зграда за јавноста минатата година.   Костадиновска Стојчевска рече дека за Министерството за култура од особено значење е поддршката на  проектите на театарските институции со цел  унапредување на состојбите во театарската дејност.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе