Отворен е повикот за „Креативна иновативна лабораторија“ (CREA-CROSS-2024- INNOVLAB), во рамките на Меѓусекторската програма на Креативна Европа, со краен рок за доставување на предлог-проектите до 25 април 2024 година, до 17 часот (средноевропско време).
За повикот се обезбедени средства во вкупен износ од 7 482 102 евра за 2024 година.
Повикот за „Лабораторијата за креативни иновации“ има цел да ја поттикне соработка меѓу аудиовизуелниот сектор и другите културни и креативни сектори, за да се даде поддршка кон нивната еколошка транзиција и/или да се подобри нивната конкурентност, циркулација, видливост, пристапност, различност и публика на содржините преку границите. Овој повик ги поддржува адаптациите што ги нудат вештачката интелигенција и виртуелните светови.
Цели и очекувани резултати
- Подобрување на конкурентноста на европскиот аудиовизуелен сектор и другите културни и креативни сектори во следниве области: транспарентност, собирање податоци и соодветна употреба на вештачка интелигенција/големи податоци, адаптација на предизвиците и можностите поттикнати од тековните промени во овие сектори.
- Подобрување на приспособувањето на европскиот аудиовизуелен и на други културни и креативни сектори кон можностите што ги нуди развојот на виртуелните светови.
- Подобрување на производството/финансирањето и циркулацијата на европските аудиовизуелни и културни содржини во дигиталната ера.
- Зголемување на видливоста, пристапноста и различноста на европските аудиовизуелни и културни содржини во дигиталната ера.
- Развој на потенцијална публика на европски аудиовизуелни и културни содржини во дигиталната ера.
- Поддршка кон еколошката транзиција на европскиот аудиовизуелен, културен и други креативни сектори во согласност со приоритетите на Европскиот зелен план и Новиот европски Баухаус.
Наменска поддршка
Повикот за „Лабораторија за креативни иновации“ (Creative Innovation Lab) ќе ги поддржи дизајнот, развојот и/или ширењето на иновативни алатки, модели или решенија применливи во аудиовизуелниот и во другите културни и креативни сектори (CCS) со висок потенцијал за реплицирање во тие сектори.
Меѓусекторската соработка на аудиовизуелниот со другите културни и креативни сектори е во фокусот на овој повик, па оттука предлог-проектите со времетраење до 24 месеци мора јасно да го потврдат опсегот на меѓусекторскиот пристап, условите за негово спроведување и очекуваните придобивки за опфатените сектори.
Во оваа насока, предлог-проектите треба да се фокусираат на следниве теми:
- Поддршка за виртуелните светови како нова средина за промовирање европска содржина, развој на публика и конкурентност на европските индустрии за содржина.
- Развој и примена на иновативни деловни алатки за производство, финансирање, дистрибуција или промоција овозможени или подобрени со нова технологија (вештачка интелигенција, big data, blockchain, Metaverse, NFT итн.).
Особено: Управувањето со права (вклучувајќи и иновативни пакет-понуди за пристап до различни европски културни содржина со различни постојни европски платформи), притоа обезбедувајќи транспарентност и правичен надоместок за креаторите и уметниците.
- Собирање и анализа на податоци, со посебен акцент на програмите за креирање содржина и развој на публика (вклучувајќи иновативни меѓусекторски алатки за подобрување на квалитетот на претплатничките услуги и подобра валоризација на европските содржини понудени од европските интернет-платформи).
- „Позелени“ практики за намалување на влијанието врз животната средина на аудиовизуелните и на другите културни сектори во согласност со Европскиот зелен план и иницијативата Нов Баухаус.
Квалификувани апликанти
Правни лица (приватни или јавни) кои работат и се регистрирани во земјите учеснички во програмата Креативна Европа. Апликацијата може да биде доставена од страна на една организација или од страна на партнерски конзорциум составен од најмалку две партнерски организации.
ЕУ-грант и времетраење на проектите
Буџетот на проектот не е ограничен, односно грантот на ЕУ ќе се базира на буџет (реални трошоци, со единечни трошоци и елементи со паушал). Ова значи дека ќе се надоместат само одредени видови трошоци (квалификувани трошоци) и трошоци што всушност биле направени за проектот (небуџетираните трошоци). Во врска со единечните трошоци и паушалот, квлификувани се оние трошоци што се наведени во грант-договорот (види член 6 и анекси 2 и 2а).
Начин на подготовка и доставување на проектите
- Предлог-проектите се подготвуваат во согласност со критериумите и условите наведени во документот за повикот:Call for proposals Creative Innovation Lab (CREA-CROSS-2024-INNOVLAB), Version 1.0 24 October 2023, штоможе да го преземете на:
- Апликациите се обработуваат и се поднесуваат електронски преку Funding &Tenders Opportunity Portal (F&TP):
- Информации за пристапување до F&TP може да најдете на: https://www.eacea.ec.europa.eu/grants/how-get-grant_en