На сцената на Народниот театар во Битола, вечер во 20:00 часот премиерно ќе биде одиграна претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а работена според истоимената пиеса на Максим Горки.
Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски.
Драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Андреј Папаз Горгиевски, а музиката е на Александар Димовски.