Најава на градежни активности на објектот Универзална сала

од admin_kult

Ве покануваме утре (среда), во 11 часот, пред Универзалната сала на настан со кој го најавуваме почетокот на градежните работи на објектот, откако Министерството за култура со Договор ги презема правата за реконструкција и адаптација од Град Скопје.

На настанот ќе присуствуваат: министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Билјана Блажевска управител на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Бујар Муча проектант од „Мегарон инженеринг“, Љубин Макровски надзорен инженер од ЕОС Е.Е., Горан Герасимовски градоначалник на Општина Центар и Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе