Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на триото „Инвентио“

од admin_kult

Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва (17 јули) во 21 часот ќе се одржи концерт на триото „Инвентио“ од Италија. На програмата се дела од Бах, Де Берио, С. Танејев и  А. Дворжак.

Ова трио го сочинуваат Јулиа Беринскаја – прва виолина, Валентина Данелон – втора виолина и Ана Серова – виола.

− Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство. Нејзината брилијантна кариера како солист, камерен музичар и педагог ја носи во: Италија, Холандија, Швајцарија, Франција, Германија, поранешна Југославија, САД, Израел, Русија …., каде што настапува со реномирани оркестри. Валентина Данелон е родена во 1985 година и дипломира виолина со почести на Конзерваториумот за музика во Кастелфранко Венето, во класата на Мишел Лот. Од 2020 година, заедно со Стефан Миленковиќ, е уметнички директор на Меѓународниот фестивaл „Звуците на местата“ во Удине, Италија. Виолистката Ана Серова, уникатна фигура на меѓународната сцена како солист и камерен музичар, добива посвети на дела од некои од најзначајните композитори на денешницава – информираат од „Охридско лето“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе