Музејот на современата уметност слави 60 години од основањето

од admin_kult

Музејот на современата уметност викендов, на 11 февруари, одбележува 60 години од основањето. Со цел одбележување на јубилејот и како најава за програмските активности во јубилејната 2024 година, Музејот организира дневен настан – матине – на 10 февруари (сабота) со почеток во 12 часот.  По тој повод, по 35 години ќе биде изложено делото „Доблест во нужност“ од  познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 – 2023).

Делото на Барукело што ќе биде претставено пред јавноста е една од најрепрезентативните донации на Музејот по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.  Тоа  е конзервирано од стручниот тим на МСУ.

На одбележувањето на јубилејот ќе биде претставен и новиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ бр. 35/36 (2023), насочено кон актуелните дебати во критичката музеологија.

По формалното отворање, ќе има тура низ тековните поставки со кустосот водич Бојана Јанева.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе