Во комплексот „Осоговски конак“, како дел од годинашната програма на Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, од денеска до 18 август ќе се реализира Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.
Учесниците на Колонијата, предводена од менторот м-р Александра Димитрова од НУ ЦК „Бели мугри“ – Кочани, се на возраст од 15 до 18 години. Тие, преку разговори и сугестии, ќе се усовршуваат и ќе работат на сликарски платна во акрилна техника.
Колонијата се реализира под покровителство на Министерството за култура.