Министерството за култура се стекна со ИСО-сертификат

од admin_kult

Министерството за култура се стекна со ИСО-сертификат со кој се потврдува дека го применува Системот за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015.

Успешната примена на овој систем за управување со квалитет значи дека процесите во Министерството за култура и квалитетните, навремени и одговорни услуги кон корисниците на услугите, односно кон  физичките лица, правните лица и институциите, се  во согласност со нивото на квалитет што го одредува стандардот MKC EN  ISO 9001:2015.

Министерството за култура се стекна со овој сертификат, по спроведената сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015 од страна на Сертификациското тело МКС – Македонско трговско друштво за сертификција и оценување. Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки што се спроведуваат во Министерството за култура, како и услугите што ги дава и ги нуди на заинтересираните  страни, се во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и во насока кон постојано подобрување на работењето и задоволување на барањата на сите заинтересирани страни. 

Сертификат

Политика на квалитет

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе