Меѓународните средби на студентите од драмските академии „Скомрахи 2023“ од 1 до 5 ноември на ФДУ

од admin_kult

Од 1 до 5 ноември 2023 г. на сцените на Факултетот за драмски уметности,   со акцент на вештачката интелигенција во уметноста, ќе се одржат Меѓународните средби на студенти од драмските академии „Скомрахи 2023“. 

Во рамките на средбите ќе бидат прикажани 8 театарски претстави и 25 филмови на студенти од: Романија, Србија, Полска, Хрватска, Косово, Албанија, Шпанија, Белгија, Б и Х, Турција, Црна Гора, Чешка, Иран, Германија, како и на студенти од ФДУ. Богатата програма вклучува и изложби, работилници, дискусии и предавања, заедно со препознатливиот „СкомрахОФФ“, музичка програма и забави во бифето на ФДУ. Како и во изминатите 31 година, средбите во целост се простор за креативноста, енергијата и пасијата на студентите – новите Скомраси. Како и во минатото така и денес, тие продолжуваат да размислуваат и да создаваат со поглед и кон иднината, со сите нејзини предизвици. А на овогодишното издание акцентот го ставаат и на своите ”улоги“ во уметноста во новото време, што се одликува со сѐ поголема ”улога“ на вештачката интелигенција.

Отворањето на „Скомрахи 2023“ е закажано за 1 ноември во Драмскиот театар – Скопје со краткиот филм „Тага“, во режија на Тина Величковиќ, и со дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“, во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на ФДУ.

Влезот за сите настани е бесплатен. Средбите се поддржани од ФДУ/УКИМ и од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе