Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот „Омаж за Саша Николовски-Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот, во фоајето на Филхармонијата ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски-Ѓумар, кој освен диригирањето, кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.
На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахманинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски.