Изложба „Кинетика на ноќта“ од уметницата Билјана Билбилоска

од admin_kult

Во малиот салон на Домот на културата „Кочо Рацин“ денеска (7 април), во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Кинетика на ноќта“ од Билјана Билбилоска. На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во акрилна техника во последните две години.

Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот Графика. Реализирала повеќе самостојни изложби, а групно се претставувала пред македонската публика, но и во Србија, Турција, Романија, Франција и во САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм.

Изложбата „Кинетика на ноќта“ е поддржана од Министерството за култура и ќе биде отворена до 21 април.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе