Во рамките на Фестивалот „Охридско лето“ вечер (18 јули), со почеток во 21 часот, во катедралната црква „Св. Софија“ концерт ќе одржи Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје. Солисти се Ана Кондратенко – виолина и Владимир Костов – виолина, а диригент е Ѓурѓица Дашиќ.
На програмата ќе бидат дела од Д. Шостакович и Арво Перт.
Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе три години и во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестра во земјава, Националната опера и балет и Националната филхармонија.