Концерт на Камерниот оркестар „Профундис“ во „Св. Софија“

од admin_kult

Во рамките на Фестивалот „Охридско лето“ вечер (18 јули), со почеток во 21 часот, во катедралната црква „Св. Софија“ концерт ќе одржи Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје. Солисти се  Ана Кондратенко – виолина и Владимир Костов – виолина, а диригент е Ѓурѓица Дашиќ.

На програмата ќе бидат дела од Д. Шостакович и Арво Перт.

Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе три години и во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестра во земјава, Националната опера и балет и Националната филхармонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе