В сабота, во 12:00 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот за деца со наслов „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови.
На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и „А Zoo Called Earth“ од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизацијата и анимацијата се на Иван Коминовски.
Концертот се реализира во соработка со театарот „Златен Елец“ од Скопје.