На покана на Светата Архиепископија на Константинопол во општина Јеникој, Пламенка Трајковска – гудачки квартет денеска 13 јуни во 19 часот во Православната црква Пресвета Богородица ќе реализира ексклузивен концерт во Истанбул, Турција.
Концертот е во чест на Неговата Светост Екуменски Патријарх Вартоломеј и промоцијата на книгата „Од Имврос до Фанари Патријархот Вартоломеј“.
Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата Архиепископија на Константинопол.