Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, со своја програма учествуваше на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 30 Септември.
Како што информира КИЦ во Софија, според сценарио, режија и интерпретација на Ѓорги Георгиев-Антика, била претставена поезијата од Кочо Рацин, како и локалните говори од Кратово.
„Игор Дамјанов изведе голем број македонски народни и забавни песни пред многубројните посетители во центарот на Софија. Според реакциите, жителите на Софија исклучително позитивно реагираа на македонската поезија, музика и севкупна презентација“, информираат од КИЦ во Софија.