Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска, денеска, 23 јануари, во 19:30 часот ќе се одржи камерен концерт на младиот бразилски пијанист Пабло Роси, заедно со гудачкиот квартет „Камерата Балканика“ во кој членуваат млади музичари од Западен Балкан и Марио Ивеља на контрабас.
На програмата се дела од: Х. Вила Лобос, Ф. Шопен и Ј. Г. Рипер.
Концертот е резултат на соработката со организацијaта „Кристофориумарт“ и регионалната мрежа „Арт линк“.