Камерен концерт во КИЦ Загреб

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска, денеска, 23 јануари, во 19:30 часот  ќе се одржи камерен концерт на младиот бразилски пијанист Пабло Роси,  заедно со гудачкиот квартет „Камерата Балканика“ во кој членуваат млади музичари од Западен Балкан и Марио Ивеља на контрабас.

На програмата се дела од: Х. Вила Лобос, Ф.  Шопен и Ј. Г. Рипер.

Концертот е резултат на соработката со организацијaта „Кристофориумарт“ и регионалната мрежа „Арт линк“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе