Македонската асоцијација на кинематографери на Фестивалот „БалКам“ во Љубљана

од admin_kult

Македонската асоцијација на кинематографери (МАК), на иницијатива од Словенечката, учествуваше на третото издание на Фестивалот „БалКам“ (Балканска камера), што се одржа од 18 до 20 јануари во Кинотеката на Словенија во Љубљана.

Македонската асоцијација на кинематографери учествуваше со филмови што се снимени во државава од македонски кинематографери и поддржани од Агенцијата за филм.

Во рамките на Фестивалот беа прикажани краткометражниот игран филм „Северен пол“ од кинематограферот Владимир Самоиловски, долгометражниот игран филм „Мими“ на кинематограферот Дејан Димески и студентскиот краток игран филм „Прогестерор“ на кинематограферот Димитар Атанасоски од ФДУ – Скопје. Како дел од програмата „Филмска легенда“, вчера (22.1.2023) беше прикажан филмот „Тетовирање“ на кинематограферот Мишо Самоиловски.

Македонската асоцијација на кинематографери – МАК, при Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), е најстарото струково здружение од областа на филмското производство и другите аудиовизуелни медиуми. Неговата цел е остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои дејствуваат на територијата на државава и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура во нашата земја.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе