Во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамките на „Скопско лето“, отворена е изложба на фотографии од Александар Кондев.
Со своето речиси педесетгодишно присуство во македонската фотографија со повеќе самостојни изложби, со учество на четириесетина групни изложби во земјава и во странство, со голем број национални и меѓународни награди, Александар Кондев се смета за доајен на македонската уметничка фотографија, претставник на нејзиниот развој и современите дострели во национални рамки.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 12 јули.