Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во петок (25 јуни 2021 г. ), од 19:00 часот, ќе биде отворена изложба на дела на македонските ликовни уметници кои живеат и работат во Бугарија, Марјан Ѕингаров (Струмица), Свилен Стефанов (Софија) и Иво Пецов (Виница).
Изложбата е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија и се состои од над 30 сликарски дела во различни формати и техники. Поголем дел од сликите минатата година беа претставени и во КИЦ на РСМ во Софија, како посебни самостојни изложби.