Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, Албанија, вечер (1 јуни) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на познатиот албански сликар Мухамет Керпачи (Muhamet Kërpaçi).
Изложбата во овој културен центар, кој прерасна во едно од препознатливите места за уметниците и за граѓаните на двете соседни земји, ќе биде проследена со класична музика во изведба на триото „Аперто“.