Изложба на Мухамет Керпачи во КИЦ – Тирана

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, Албанија, вечер (1 јуни) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на познатиот албански сликар Мухамет Керпачи  (Muhamet Kërpaçi).  

Изложбата во овој културен центар, кој прерасна во едно од препознатливите места за уметниците и за граѓаните на двете соседни земји, ќе биде проследена со класична музика во изведба на триото „Аперто“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе