Изложба „Кобалт синергија“ во галеријата на МКЦ

од admin_kult

Во изложбениот простор „Галерија МКЦ“ денеска (23 февруари, петок) во 20:00 часот ќе биде отворена ликовната изложба со наслов „Кобалт синергија“. На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видеоролна и две видеоарт остварувања на учесникот во проектот, Симон Гегај. Во содржината на видеоролните се и концепциските опсервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот, г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела, критички осврт ќе даде проф. Владимир Величковски.

Изложбата ќе трае до 3 март.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе