Изложба „Апостолите на современата македонска ликовна уметност“ во галеријата „Безистен“ во Штип

од admin_kult

Во уметничката галерија „Безистен“ во Штип денеска од 14:00 часот ќе биде отворена изложбата „Апостолите на современата македонска ликовна уметност“.

Во рамките на изложбата посетителите ќе може да видат дела од македонските уметници од 20 век – Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Борислав Трајковски, Љубомир Белогаски, Глигор Чемерски и др.

Изложбата е во организација на НУ Завод и музеј – Штип, а по повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Штип.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе