Заменик-министерот за култура Даим Лучи, во рамките на работната посета на градот Чанаккале, Р Турција, го посети музејот „Троја“, кој се наоѓа на влезот од древниот град Троја во кој се изложени наоди од античкиот град кој е на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
За време на посетата, Лучи оствари средба со директорот на музејот, Ридван Голчук, на која соговорниците разменија мислења и изразија подготвеност за идна соработка на полето на музејската дејност меѓу двете земји.
Музејот „Троја“ е добитник на специјалната награда за Европски музеј на годината за 2020, како и на специјалната награда на Европската музејска академија за 2020/2021“, со што е прв турски музеј кој ги освоил најпрестижните музејски награди во Европа.