Во рамките на деветтиот „Фестивал на тркала“, денеска и утре во Кинотеката на Северна Македонија и онлајн, преку посебна фестивалска платформа на CInesquare.net, бесплатно ќе се прикажуваат европски филмови. Филмовите ќе бидат достапни онлајн до 27 ноември 2022 година.
Фестивалската програма оваа година вклучува четири филма – швајцарските филмови „Маре“, и „Сигурност“, италијанскиот „Стакленото момче“ и белгискиот филм за деца „Вселенско момче“.
Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје, во соработка со Кинотеката на Северна Македонија и со поддршка од Град Скопје.