Кумановскиот театар, со претставата „Драма изгубена во времето“, синоќа гостуваше на сцената на Драмскиот театар во Ловеч, Р Бугарија.
Претставата „Драма изгубена во времето“, во режија на Владлен Александров, е работена по текст на Сашко Насев. Улогите ги толкуваат Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ. Визуелизацијата е на Емил Пачковски, а видеото е на Никола Поповски. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите на Кети Пауновска-Стевковска, а драматург е Симона Тоскиќ.
Гостувањето на Кумановскиот театар е во рамките на континуираната соработка меѓу овие две културни институции кои планираат и други интересни проекти во иднина.