„Драма изгубена во времето“ на сцената на театарот во Ловеч, Р Бугарија

од admin_kult

Кумановскиот театар, со претставата „Драма изгубена во времето“, синоќа гостуваше на сцената на Драмскиот театар во Ловеч, Р Бугарија.

Претставата „Драма изгубена во времето“, во режија на Владлен Александров, е работена по текст на Сашко Насев. Улогите ги толкуваат Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ.  Визуелизацијата е на Емил Пачковски, а видеото е на  Никола Поповски. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите на Кети Пауновска-Стевковска, а драматург е Симона Тоскиќ.

Гостувањето на Кумановскиот театар е во рамките на континуираната соработка меѓу овие две културни институции кои планираат и други интересни проекти во иднина.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе