ГОДИШНИ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2023 ГОДИНА

од admin_kult

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура, на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година (во натамошниот текст: Годишните конкурси), ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата на Република Северна Македонија во следниве дејности и области:

  • визуелни уметности, архитектура и дизајн;
  • драмска дејност;
  • заштита на културното наследство (музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, библиотечна дејност, заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра);
  • интердисциплинарни проекти;
  • литература и издавачка дејност;
  • манифестации и фестивали од областа на културата;
  • музичка и музичко-сценска дејност;
  • меѓународна соработка;
  • фолклор.

Составен дел на Годишните конкурси се пријавите за проекти по одделни области и активности.

1. УЧЕСТВО НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ

Право на учество на Годишните конкурси имаат правни лица и физички лица државјани на Република Северна Македонија.

Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходните години треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура. Поднесените пријави на Годишните конкурси од правните и физичките лица што не ги исполниле сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура нема да бидат разгледувани.

Проектите што ќе се реализираат во текот на 2023 година задолжително треба да се реализираат во согласност со актите со кои се утврдуваат превентивни препораки, привремени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период за нивна примена, донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија и од Министерството за здравство.

На Годишните конкурси НЕ учествуваат национални установи од областа на културата.

Правните лица, со исклучок на локалните установи, може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со најмногу 2 (два) проекта во секоја област, односно едно правно лице може да поднесе вкупно 4 (четири) проекти.

Физичките лица може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со 1 (еден) проект во секоја област, односно едно физичко лице може да поднесе вкупно 2 (два) проекта.

Во областа на литературата и издавачката дејност правните лица може да конкурираат со најмногу 10 (десет) проекти, а физичките лица со 1 (еден) проект.

Општите и посебните услови што треба да ги исполни подносителот на пријавата се утврдени во Годишните конкурси.

Потребната задолжителна документација со која се докажува дека се исполнети општите и посебните услови е утврдена во пријавите, кои се составен дел од Годишните конкурси.

Нема да бидат разгледувани пријавите:

– кои се доставени по истекот на рокот утврден во Годишните конкурси;

– кои не соодветствуваат на областа, односно активноста на проектот;

– кои не се составен дел од Годишните конкурси;

– кои се доставени во печатена форма во Архивата на Министерството за култура или по пошта;

– кои се доставени на електронски адреси на вработени во Министерството за култура;

– кои се нецелосно пополнети (сите графи треба да бидат пополнети со соодветни податоци);

– за кои во прилог не е доставена задолжителната документација утврдена во пријавите кои се составен дел од Годишните конкурси.

2. КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА ЌЕ СЕ ВРШИ ОЦЕНА НА ПРОЕКТИТЕ

Критериумите и мерилата за оцена на проектите се содржани во Годишните конкурси.

3. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности.

4. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рокот за поднесување на пријавите е утврден во Годишните конкурси (заклучно со 17.11.2022 до 16 часот)

5. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

5.1. Начин на пријавување

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk 

5.2. Известување за резултатите од Годишните конкурси

За резултатите од Годишните конкурси подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. За секој поднесен проект корисникот ќе биде известен по електронски пат. Резултатите од Годишните конкурси ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството за култура.

Објавените резултати од Годишните конкурси ќе содржат информации за: носителот на проектот, назив на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

5.3. Дополнителни информации

Дополнителни стручни информации од соодветната област во врска со Годишните конкурси може да се добијат на следниве електронски адреси:

Визуелни уметности, архитектура и дизајн

Марија Станчевска-Ѓоргова и Мариела Мицевска-Аџигогова

vizuelniumetnosti@kultura.gov.mk

Драмска дејност

Снежана Иванова-Китанова и Бесим Ибраими

snezana.ik@kultura.gov.mk, besim.i@kultura.gov.mk

Заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра,  библиотечна дејност, музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство

Елена Павлова и Давча Спасова

zastita2023@kultura.gov.mk

Рефик Бајрами и Ибуш Абази

muzejska@kultura.gov.mk

Љумтурије Зајази

bibliotecna@kultura.gov.mk

Интердисциплинарни проекти

Марија Џунова

interdisciplinarni@kultura.gov.mk

Литература и издавачка дејност

Беса Ода Муртеза, Весна Ѓуровска и Исние Бериша

sektor.kniga@kultura.gov.mk

Манифестации и фестивали од драмска дејност

Снежана Иванова-Китанова и Бесим Ибраими

snezana.ik@kultura.gov.mk, besim.i@kultura.gov.mk

Манифестации и фестивали од музичка и музичко-сценска дејност

Мандика Нича и Анета Киркова

muzickadejnost@kultura.gov.mk

Манифестации и фестивали од областа на фолклорот

Бесим Мемиши и Адил Алуш

besim.memish@kultura.gov.mk

folklor@kultura.gov.mk

Манифестации и фестивали од областа на литературата и издавачката дејност

Весна Ѓуровска и Исние Бериша

sektor.kniga@kultura.gov.mk

Музичка и музичко-сценска дејност

Мандика Нича и Анета Киркова

muzickadejnost@kultura.gov.mk

Меѓународна соработка

Љубица Стефановска и Љуљзим Селмани

lj.stefanovska@kultura.gov.mk

lulzim.selmani@kultura.gov.mk

Фолклор

Бесим Мемиши и Адил Алуш

besim.memish@kultura.gov.mk

folklor@kultura.gov.mk

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (: https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе