Во Националната филхармонија утре (27 декември) во 18 часот ќе се одржи Новогодишен концерт за деца. Диригент е Џијан Емин, додека, пак, аниматор е Мартин Јордановски.
„Македонската филхармонија ве води на новогодишно патување околу светот со помошниците на Дедо Мраз – Џиџе Џуџевски и Џуџе Џуџевски – кои од Лапонија ќе допатуваат во Македонија. Оркестарот ќе ве поведе на музичко патување околу светот со делата на: Штраус, Хачатуријан, Копланд, Бизе, Чајковски…
Ваша задача е да им помогнете на Џиџе и Џуџе да ја исполнат задачата што им ја постави Дедо Мраз – да однесат подароци на дечињата од целиот свет“, информираат од Филхармонијата.