Во Македонскиот народен театар утревечер (16 март) во 20:00 часот, Џез-оркестарот ќе го одржи концертот „Џез-лектира“.
− На концертот „Џез-лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на „Каунт Бејси биг бенд“, како и на соработката со современата американска џез-пејачка и пијанистка, Дајан Шур. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ, една од најдобрите џез-пејачки на овие простори −информираат од Џез-оркестарот.
Од оваа национална установа нагласуваат дека билетите за овој концерт, студентите и пензионерите може да ги набават со 50 проценти попуст, со приложување соодветен документ (индекс, легитимација, лична карта и сл.).