На 25 и 26 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата“.
Свеченото отвoрање е вечер (25 мај) во 20 часот, во фоајето на институцијата. Тема на првата фестивалска вечер е „Женското писмо и Балканот“, а гостуваат реномираните авторки: Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ. Фросина Крушкаровска ќе го води разговорот, а вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.
На 26 мај авторите Николина Андова-Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку ќе читаат фрагменти по сопствен избор, а водител ќе биде писателот Петар Андоновски.
Меѓународиот фестивал на прозата се реализирасоподдршка од Министерството за култура и Општина Куманово.