„Танец“, со концертот во Њујорк, ја заокружи северноамериканската турнеја

од admin_kult

Нашиот најголем културен амбасадор, Ансамблот „Танец“, со концертот во Њујорк ја заокружи двонеделната успешна турнеја во Канада и во Соединетите Американски Држави.

Со девет концерти во осум сали, со речиси десетилјадна публика и многубројни аплаузи, ансамблот настапи на престижни сцени во театрите во: Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Питсбург, Кливленд и Њујорк.

– Со концертни настапи кои траеја безмалку два часа, без ниту една пауза и со неверојатна мобилност и вештина за програмска промена на сите членови на Ансамблот, на американска почва беше прикажана уникатната убавина на нашиот фолклор и високата професионалност и уметничка вредност на нашиот бисер „Танец“ – информираат од НУ „Танец“.

Оваа северноамериканска турнеја на Ансамблот е дел од годишната програма на НУ „Танец“ поддржана од Министерството за култура, а организирана од компанијата „Греми концерти“ (Gremy Concerts).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе