Во Куманово започнува првиот „Меѓународен фестивал на прозата“

од admin_kult

На 25 и 26 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата“.

Свеченото отвoрање е вечер (25 мај) во 20 часот, во фоајето на институцијата. Тема на првата фестивалска вечер е „Женското писмо и Балканот“,  а гостуваат реномираните авторки: Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ. Фросина Крушкаровска ќе го води разговорот, а вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.

На 26 мај авторите Николина Андова-Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку ќе читаат фрагменти по сопствен избор, а водител ќе биде писателот Петар Андоновски. 

Меѓународиот фестивал на прозата се реализирасоподдршка од Министерството за култура и Општина Куманово.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе