Со проекција на „Носферату, симфонија на стравот“, филм на Фридрих Вилхелм Мурнау од 1922 година, и музичка придружба од Џијан Емин, на 31 август (среда) во 20:00 ч. во летното кино, Кинотеката го започнува годинашното издание на Фестивалот на нем и класичен филм што ќе трае до 7 септември.
Во 14 термини ќе бидат презентирани: три филма на типичниот претставник на германскиот експресионизам Мурнау; два со Бастер Китон; минициклус на Рајнер Вернер Фасбиндер; по еден филм на француските авторски ведети Луј Мал и Клод Соте; како и домашното документарно наследство – Филмски новости (1945 – 1948).
Фестивалот е во организација на Кинотеката и Кино Балкан.