Во Чифте амам разговор со уметникот Дриант Зенели

од admin_kult

Во објектот Чифте амам денеска (30 август) во 18:00 часот ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“. Во рамките на разговорот, публиката ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, со неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации.  

Од Националната галерија, како организатор на настанот, информираат дека ќе стане збор и за најновиот филм на Зенели, снимен во Поштата во Скопје, дел од „Трилогијата: Животните: Си било некогаш… во денешно време“, со наслов „Светулката продолжува да свети, змијата продолжува да расте“.

Од НГМ додаваат дека филмот е изработен со соработка меѓу оваа национална установа и Машинскиот факултет од Скопје, по нарачка на „Манифеста 14“ и продукција на фондацијата „Between Art Film“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе