Во Филхармонијата денеска (22 септември) во 20 часот ќе се одржи концертот „Трансценденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска.
– Проектот „Трансценденција за 4 пијана“ претставува фузија на модерниот и класичниот звук. Преплетувањето на минимализмот со повторувачкиот манир кој создава амбиент на електроника и повторното враќање кон корените на музичката историја, барокот, за публиката ќе овозможи уникатно музичко патување. За првпат на македонската музичка сцена, слушателите ќе имаат можност да чујат изведба на дела наменети за 4 пијана, целовечерна естетика низ призмата на современите музички автори Рајх, Калдини, Шоненбик и основоположникот на музичката мисла, Јохан Себастијан Бах – информираат од Филхармонијата.