На сцената на Македонскиот народен театар денеска и утре со почеток во 20 часот ќе гостува Белградското драмско позориште со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.
Претставата е црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.
Главниот лик го игра Драган Бјелогрлиќ, а другите улоги ги толкуваат: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ и други. Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работи Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.