Вечер во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи „Баланеску квартет“: Александер Баланеску – виолина, Јури Калнитс – виолина, Хелен Каминга – виола, Николас Холанд – виолончело.
Аудиопродуцент е Дејвид Кент, а на програмата се дела од Баланеску.
„Баланеску квартет“, од формирањето во 1987 година, ужива репутација на еден од водечките состави за современа музика во светот чија движечка сила е романскиот виолинист и композитор со богата историја и импозантно резиме, Александар Баланеску, кој во своите дела прави оригинална синтеза меѓу романското наследство и современата музика.